на почеток

Црниот леб е поздрав од белиот за здрава исхрана

1. Јадењето после 18 часот е штетно за здравјето

Ова е еден од најстарите митови кои постојат. И да, можеби некогаш истиот имал смисла кога нашите предци станувале рано наутро и легнувале рано навечер, но со нашето темно на живеење многу нормално е вечерата честопати да ни биде после 18 часот.

Она што е важно за јадењето навечер е оброкот да биде најмалку 3 часа пред одењето во кревет и истиот да содржи полесна храна.

2. Мастите се штетни

Мастите генерално се сметаат за непријател број еден на здравјето и добрата фигура, но тоа всушност не е сосема точно.

Мастите се потребни за варењето на храната, помагаат во метаболизацијата на витамините А и Е и доколку во вашето тело ја нема потребната количина на масти, престанува создавањето на хормони.

Недостатокот од масти го забрзува стареењето на кожата, а исто така, делува штетно и врз црниот дроб. Токму затоа, најдобра идеја е да внесувате масти, но сепак да го ограничите внесот на храна која содржи сокриени и обично нездрави масти како на пример колбаси, мајонез, колачи или торти.

3. Ужините се нездрави

Ужините се неопходен дел од исхраната. Ако навистина се грижите за вашето здравје, треба да знаете дека на телото му е потребно дополнување со енергија одвреме-навреме.

Сепак таквото дополнување треба да биде балансирано: кога ќе се почувствувате без енергија каснете неколку ореви или овошје на пример.

4. Јаглехидратите треба да се избегнуваат

Постојат прости и сложени јаглехидрати. Првите навистина треба да ги избегнувате. Тие може да се најдат во шеќерот, чоколадото, медот, џемовите, слаткото овошје и пијалаци, белиот леб и компирот.

Меѓутоа доколку сакате да се храните здраво внесувајте повеќе сложени јаглехидрати како што се зрнестите плодови, малините, капините и рибизлите, зеленчукот…

5. Овошјето и зеленчукот се бескорисни после чување во фрижидер

Современите технологии за чување на храната во фрижидер овозможуваат зачувување на речиси сите хранливи состојки кои одреден производ ги содржи во себе.

6. Делењето на храната според групите на хранливи материи помага во слабеењето

Вашето тело е способно да обработи протеини, масти и јаглехидрати во исто време.

Не постои никаков научен доказ дека поделбата на храната по групи помага во намалувањето на тежината.

Луѓето кои го користат овој режим на исхрана едноставно обрнуваат големо внимание при изборот на храна, ја намалуваат потрошувачката на енергија и на сметка на тоа губат тежина.

7. Црниот леб е поздрав од белиот

 

Тоа што лебот е црн не мора да значи дека содржи голема количина на влакна. „Здравата“ црна боја може да се должи на додавање адитиви во брашното.

Енергијата содржана во црниот леб е речиси идентична со таа во белиот леб. Доколку сакате навистина здрав леб, купувајте леб од цели зрна.

8. Соковите се корисни колку и самото овошје

Соковите се следни во линија производи кои не содржат влакна, а количината на витамини и минерали е значително намалена во однос на истата содржана во овошјето. Токму затоа секогаш кога имате можност, одберете свежо овошје.

9. Сушито е здрава храна

Ако понекогаш јадете суши тоа секако нема да се одрази врз вашата тежина. Сепак треба да имате на ум дека белиот ориз не спаѓа баш меѓу најздравите производи.