на почеток
.01

Со повеќе од 30 години постоење, АЛГОМАК, држејќи се до старите традиционални рецепти, произведува и се труди постојано да ви донесе уникатни, возбудливи и пред се, вкусни пекарски производи.

Историја

Основана со многу љубов и ентузијазам, уште во далечната 1990 година, во Свети Николе, па се до ден денес Алгомак, се држи до старите традиционални рецепти, при произведување на својот широк асортиман на производи.Секојдневно ја продолжуваме традицијата на нашите предци, кои во домашни услови изработувале лебови,пецива за своите најблиски со суровини од највисок квалитет. Поради сето ова решивме да ја зачуваме таа традиција.

Брашното, изработено од најубавите житни полиња заедно со јајца, шеќер, сол и чиста, бистра вода, допринесувваат за дизајн со акцент на деталите, креативноста и квалитетот на прекрасните производи.

Експериментирајќи со нови вкусови и комбинации, се трудиме постојано да ви донесеме свежи, уникатни, возбудливи и пред се, вкусни производи.

Нашиот асортиман со повеќе од 200 производи не прави горди и ни претставува стимул за подобро работење и задоволување на потребите на потрошувачите.

.02

Визија и Цел

Нашата визија е да вложуваме во постојани новитети, беспрекорно и професионално да работиме во тек со модерните трендови во производството на пекарски производи и да придонесеме кон вработување на млади и перспективни работници кои работат посветено за еден бренд кој во секој момент ги задоволува барањата на потрошувачите.

Главна цел ни е да станеме компанија во пекарската индустрија која овозможува високи перформанси, ширење на меѓународниот пазар, преку континуирано унапредување на сите сегменти.

Клучни вредности по кои се раководиме се чесност, искреност, истрајност и следење на нови принципи, техники и трендови во пекарската индустрија.

На патот за постигнување на нашите цели, ние сме отворени за соработка и сме во потрага по партнери(деловни), кои ги поседуваат истите или слични вредности. Ние сме посветени да обезбедиме безбедно работно место за нашите вработени и посетители. Ја цениме вредноста на диверзитетот и им помагаме на нашите луѓе да ги развијат своите таленти.

Како производители на прехранбени производи ние имаме посебна одговорност кон нашите потрошувачи. Се гордееме што нудиме не само вкусни производи, туку и со висок квалитет, а притоа сме тотално транспарентни.

.03

Сертификати

Еден од најважните предуслови за успех на секоја пекара е да го одржува квалитетот, а затоа се потребни квалитетни состојки, екстремно хигиенски работни простории и докажан рецепт. Главна одлика на нашата компанија е тоа што секогаш се стремиме да работиме согласно светски признатите стандарди за квалитет, па како резултат на тоа нашата компанија ги има имплементирано стандардите IFS FOOD, ISO 22000, ISO 9001 и HACCP.

IFS FOOD
Сертификат за квалитет

ISO 22000
Сертификат за квалитет

ISO 9001
Сертификат за квалитет

HACCP
Сертификат за квалитет

Имате прашања?

Доколку сте заинтересирани за соработка со АЛГОМАК слободно можете да не контактирате или да ни се јавите.